Центральный Дом Знаний - Александар III Македонски 1

Информационный центр "Центральный Дом Знаний"

Заказать учебную работу! Жми!



ЖМИ: ТУТ ТЫСЯЧИ КУРСОВЫХ РАБОТ ДЛЯ ТЕБЯ

      cendomzn@yandex.ru  

Наш опрос

Как Вы планируете отдохнуть летом?
Всего ответов: 922

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0


Форма входа

Логин:
Пароль:

Александар III Македонски 1

Пишувајќи за битките на Александар против Асакеносите, Виктор Хансон вели: „Иако им ветил на опколените Асакеноси дека ќе им ги поштеди животите ако се предадат, тој ги погубил сите војници кои биле заробени. Нивните упоришта во Ора и Аорнус исто така биле разрушени."

Сисикотос, кој му помогнал на Александар во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус.

Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326 п.н.е. 

После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел. Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал Букефал, во чест на неговиот коњ кој го донел него до Индија а загинал во Битката кај Хидасп. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката Инд.

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќното царство на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај реката Биас одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.

После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај тоа, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20-илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фата). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62

Александар, после состанокот со неговиот офицер Коенус, бил убеден да се откаже од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела. Неговата војска, мислејќи дека нивниот крал е мртов, ја зазема тврдината и го искалува својот бес врз заробениците. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење. Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманија (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јуженПакистан). Патувањето низ пустината траело околу 60 дена и во текот на нејзиното поминување умира околу 3/4 од Александровата војска.

Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го именува неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата владетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Маурија во Индија.

Патувајќи кон Суса, Александар открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. И покрај тоа, војската се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени персиски обичаи, како и воведувањето на персиски офицери и војници во војската. Александар ги погубил водачите на бунтот. Во обид да воспостави трајна слога помеѓу македонските и персиските граѓани, организирал и масовна венчавка помеѓу македонските офицери и персиските и други благороднички од Суса, но изгледа мал број од тие бракови траеле повеќе од една година.

Неговите обиди да ги обедини македонската и персиската култура вклучувале и македонска воена обука за персиските момчиња. Повеќето историчари веруваат дека Александар ја усвоил и титулата Шаханшаш (што значи „Крал на кралевите").

Се мисли и дека Александар сакал да го освои и присоедини и Арабискиот полуостров, но оваа теорија не е потврдена. Се претпоставувало и дека Александар може да се упати на запад и да ги нападне Картагина и Италија.

По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство, неговиот најдобар пријател, и веројатно љубовник, Хефестион умрел од болест, или можеби од труење. Александар тагувал по умрениот пријател 6 месеци.

На 10 или 11 јуни 323 г. п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. Постојат различни теориии за причините на смртта. Некои сметаат дека Александар бил отруен од синот на Антипатер или од некој друг. Друга теорија е дека починал после пијанствата претходните денови. Други сметаат дека починал од маларија од која се има заразено во 336 г. п.н.е.

Непосредно пред неговата смрт, неговите генерали го запрашале кој треба да го наследи неговото царство. Бидејќи Александар немал очигледен и легитимен наследник (неговиот синАлександар IV ќе се роди после неговата смрт, а неговиот претходен син бил роден од страна на негова конкубина, не жена), тоа било прашање од голема важност. Постојат повеќе дебати за тоа што им одговорил Александар на своите генерали. Некои веруваат дека Александар рекол, "Кратисто" (што значи "на најсилниот") или "Крат'ерои" (на силниот). Од сите историски извори, античкиот историчар Диодор Сикулски дава најдетален опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:

Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање; Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил. Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста "одаја", направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти. Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од "трагелафи" во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови; На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете; Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на "гробната одаја". На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени "мелифори"; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето; На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје; На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка; На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа "одаја" се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант; Над "сводестата одаја" над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на којшто била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи; Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје; Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на "одајата", се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата. Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења."

Но можеби Александар рекол, "Кратер'ои" (на Кратер). Ова е сосема возможно бидејќи изговорот на "на силниот" и на "Кратер" на грчки јазик се разликува само во позицијата на акцентираниот слог. Повеќе учени веруваат дека Александар имал намера да избере некој од неговите генерали, а очигледен избор бил Кратер, бидејќи тој бил командат на најголемиот дел од армијата и се докажал како брилијантен командат. После ваквиот одговор на Александар кој им го дал на своите генерали, најверојатно Кратер бил убиен пред воопшто да биде во можност да организира церемонија по повод неговото назначување.

По смртта на Александар Македонски, доаѓа од кавги за престолот на империјата по што избувнуваат низа на војни на дијадосите, кои доведуваат до формирање на неколку стабилни империи:

  • Птоломејската династија ќе го преземе Египет,

  • Антигонидската династија - Македонија и Грција, и

  • Селевкидската династија - Блискиот Исток.

Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и африкански народи.

Loading

Календарь

«  Май 2024  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031

Архив записей

Друзья сайта

  • Заказать курсовую работу!
  • Выполнение любых чертежей
  • Новый фриланс 24